Инцидентот помеѓу Столе Димитриевски и Винисиус на синоќешниот дуел на Валенсија и Реал Мадрид, е топ тема во Шпанија, Македонија и светот.
Димитриевски го поттурна Винисиус, а овој му врати жестоко и за својот потег доби црвен картон.
Можеби и не е случајно што тие двајца влегоа во конфликт, барем така вели историјата.
Во минатата сезона, кога Македонецот го бранеше голот на Рајо Ваљекано, истотака се случи мал инцидент помеѓу нив двајца. Тогаш Столе го свитка зглобот, а Вини мислеше дека глуми и дека го задржува времето, на Реал му се брзаше да даде гол и Винисиус налутено му викаше на Димитриевски: „Јас и ти, надвор“.
Столе после мечот не му даде претерано значење на ова, рече дека Вини е добро момче, и дека вакви работи често се случуваат на терен.
Можеби најдобриот фудбалер на светот во изборот на ФИФА не му го заборави ова на Столе и бесот го истури на неспортски начин и сега му претстои суспензија и пауза во шпанската лига.