Фудбалерот на Борнмут, Дејвид Брукс, беше дел од тимот кој вчера го совлада Ливерпул и тоа за прв пат откако објави дека ја победи тешката болест.
Брукс целиот натпревар го проследи од клупата за резервни играчи, но англиските медиуми пишуваат дека и со тоа Велшанецот издвојувал голема победа и тоа многу поважна од фудбалската.
https://twitter.com/afcbournemouth/status/1634517024343838720?s=20
Во октомври 2021 година на Брукс му беше дијагностициран рак на лимфниот систем, кој успеа да го победи. Тој по точно 525 дена повторно беше дел од тимот на Борнмут, а неговите соиграчи со голема победа над Ливерпул, му го развеселија денот.
Дејвид Брукс кој е продукт на фудбалската академија на Манчестер сити, има 21 настап за репрезентацијата на Велс.
Брукс е вториот фудбалер во 2023 година кој се враќа на терените откако го победил ракот. Пред него тоа го стори и напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Алер кој ја доби битката со ракот на тестисите.