Баерн Минхен е сериозно заинтересиран во летниот преоден рок да го ангажира холандскиот репрезентативец и член на Барселона, Френки де Јонг, објавија новинарите на шпански Релево, Матео Морето и Алберто Мартинес.
Барселона која има проблеми со финансискиот фер-плеј, не би имала ништо против продажбата на Де Јонг и очекува понуда од 70 до 80 милиони евра за да се раздели со Холанѓанецот.
Де Јонг не е единствениот фудбалер на Барселона за кој Баерн Минхен е заинтересиран, тука е и трагичарот од дуелот со ПСЖ, Роналд Араухо, но засега не може да дојде до договор меѓу двата тима поради преголемата разлика во понудата и побарувачката.
Имено, Барселона за Араухо бара 100 милиони евра, додека Баерн засега нуди највеќе 70 милиони.