Не е само до парите, веројатно има нешто и до Гвардиола

Манчестер сити направи одличен потег во 2016 година кога реши за тренер да го ангажира Хосеп Гвардиола. Клубот тогаш веќе беше во налет, вложувањата беа големи, но дури сега почнуваат да се гледаат придобивките, особено ако тимот ја освои Лигата на шампионите.

Со Гвардиола на клупата, Граѓаните за пет години освоија три трофеи (60 проценти) во Премиерлигата, а претходно имаа вкупно четири титули англиски шампиони за дури 117 години постоење (3 проценти). Гвардиола кој од Барселона и Баерн Минхен го пренесе победничкиот менталитет и сега Сити е англиски првак, а може да стане и европски, што би ги направило најдобар тим на светот.

Гвардиола е како магнет за трофеи. За само 12 години како тренер, има дури 31 пехар (десет со Сити), со што е трети на вечната листа на најуспешни во историјата на фудбалот. Пред него се само Алекс Фергусон и Мирчеа Луческу, стручњаци чии кариери траеја и траат четири децении.

Со Гвардиола, Манчестер сити освојуваше титули на доминантен начин, со рекордни 100 бода и 19 бод плус пред вториот Јунајтед, па со 98 бода станаа прв тим после десет години кој ја одбранил титулата, па затоа за оваа титула во корна сезоната 2020/2021, Гвардиола вели дека му била најтешка.

- Оглас -

Најнови вести