Килијан Мбапе неодамна им соопшти на челниците на ПСЖ дека на крајот од сезоната ќе си замине од клубот и повеќе нема дилеми дека следна дестинација ќе му биде Реал Мадрид, а сега подготви нов удар од кој тешко ќе се опорават Светците.
Според француските медиуми, Мбапе со себе на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го понесе и извршниот директор на ПСЖ, Луис Кампос, кој исто така е желба на претседателот на Кралевите, Флорентино Перес, кој планира веднаш да му даде функција во управата.
Луис Кампос е најзаслужен што минатото лето ПСЖ ги донесе Марко Асенсио, Рандал Коло Муани, Мануел Угарте, Осман Дембеле, Лукас Ернандес, Лукас Бералдо, Габриел Москардо, Милан Шкринијар.