Не е само Мундијалот – Погледнете го ремек-делото со волеј удар во Словенија (Видео)

Не се игра фудбал само на Мундијалот, иако поскромна е понудата на клупски натпревари, па има и убави голови и надвор од шампионатот во Катар.

Вистински еврогол постигна 21-годишниот играч на Домжале, Жига Репас, на дуелот против Радомље што неговиот тим го доби со 2:0 на гости.

Репас одигра фудбалски, воопшто не се мислеше кога топката дојде до него, се сврте и со волеј со левата нога ја смести топката во аголот зад грбот на немоќниот голман на Радомље.

Страшно ефектен гол што ја најави победата на гостите бидејќи беше прв на мечот кој заврши со резултат 0:2.

Ziga Repas’ great goal yesterday for Domzale Vs Radomlje (Slovenian Prva Liga) from soccer

- Оглас -

Најнови вести