Не е за смеење: Кој делегат му дозволил пристап на терен на пијаниот асистент? (видео)

Колку и да се смешно што помошниот судија е „мртов“ пијан и притоа се обидува да си ја изврши задачата, фактот дека ова се случува за време на фудбалски меч во младинска лига во Чешка јасно кажува што не чини со ова видео.

Судијата едвај стои на нозе, а не ни помислува да го напушти мечот. Очигледно е дека не е способен да дели правда, а каква порака им остави на младите играчи, тоа е сосема друга приказна. Во овој случај судијата не е толку виновен колку што е делегатот. Како може да дозволи арбитер со оргомно количество алкохол во себе да присуствува на спортски настан, уште па да работи… Страшно.

- Оглас -

Најнови вести