Не е за верување тоа што го направи фудбалерот (Видео)

Скандалозна симулација се случи на меч од третата лига во фудбалското првенство на Гватемала на дуел меѓу Батанекос и Сан Лоренцо. Гостите победија со 3:1, но погодоците не беа во прв план на овој меч.

Додека играчите на двата тима се расправаа за одредена ситуација, од трибините беа фрлени неколку тврди предмети. Во еден момент фудбалер на Сан Лоренцо дојде до еден од камењата кои беа фрлени, го зеде и самиот се удри во лицето, а потоа падна на земја.

Судијата воопшто не го виде овој момент и симулацијата остана неказнета, но забележана на видеозапис.

- Оглас -

Најнови вести