Не ги разочара заминувањето на Ибрахимовиќ – Галакси имаат забавна најава за 2020 година (Видео)

Лос Анџелес галакси не се предаваат ниту по заминувањето на најголемата ѕвезда во тимот Златан Ибрахимовиќ и најавуваат дека 2020 година ќе мине во нивниот знак.

И најавата е интересна, типично холивудска во американски стил. Снимија видеоматеријал, ги најавија своите противници и секако имаат и порака за своите симпатизери да веруваат во тимот, што според нив, ќе доминира следната година.

Лани со популарниот Ибракадабра во тимот Галакси стигнаа до четврт-финалето на плејофот, каде што беа елиминирани од градскиот ривал Лос Анџелес ФЦ со пораз од 3:5.

Новата сезона во МЛС-лигата ќе почне на 29 февруари, а Галакси на премиерата ќе му гостуваат на Хјустон.

- Оглас -

Најнови вести