8.8 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Не ги знаеше правилата, па испадна: Австриец прерано почна со славје и доживеа неверојатна елиминација (Видео)

Австрискиот тенисер Себастијан Офнер ја доживеа една од најневеројатните елиминации на Отвореното првенство на Австралија откако започна прерано да се радува дека победил, но проблемот беше неговото непознавање на правилата.

Резултатот во сетови беше 1-1, во третиот сет на семафорот стоеше 6-6, па се играше тај-брејк, во кој Австриецот имаше водство од 7-1 кога започна да се радува и тргна кон мрежата да се поздрави. Сепак, по краток разговор со судијата сфати дека на Отвореното првенство на Австралија се игра тај-брејк до 10 поени.

Тоа го врати во игра неговиот противник од САД, кој направи комплетен пресврт и го доби тај-брејкот со 11-9.

- Оглас -

Најнови вести