Не играа денеска, а обезбедија место во осминафиналето

Репрезентацијата на Швајцарија сигурно ќе биде дел од осминафиналето на Европското првенство откако денеска Финска, Русија и Украина загубија. Швајцарците вчера се радуваа на победа против Турција и со четири бода, како третопласирана сигурно ќе биде дел од нокаут-фазата на ЕП.

Тоа е јасно откако Финска и Украина, кои завршија како третопласирани во своите групи, имаат само по три бода.

По досега одиграните мечеви, познати се два осминафинални парови, и тоа: Италија – Австрија и Велс – Данска.

Утре се играат два меча од Д групата, каде што сигурни патници во следната фаза се Чешка и Англија, кои ќе играат меѓу себе, додека Хрватска и Шкотска ќе бркаат победа за да обезбедат место во понатамошниот дел од континенталниот турнир.

 

- Оглас -

Најнови вести