Не им беше лесно – Тивко се коментира кога се губи во најстарото градско дерби во Европа (Видео)

Не им беше лесно на двајцата коментатори на клупската телевизија на Глазгов ренџерс завчера на мечот со градскиот ривал Селтик во најстарото дерби во Европа што трае од 1888 година, или во три века.

Најтрофејниот шкотски клуб со 55 шампионски титули загуби убедливо со 3:0, а Олд-фирм дербито воопшто не беше неизвесно и 51-кратниот првак Селтик го реши со три гола во првото полувреме.

Коментаторите на ТВ Ренџерс речиси и да молчеа при постигнувањето на головите и воопшто не им беше лесно.

Rangers TV commentary of Celtic 3-0 Rangers from soccer

Селтик ја прекина серијата од 7 меча без победа во дуелите со Глазгов ренџерс и го прескокна на врвот на табелата со 57 бода, еден повеќе од вечниот ривал по 24 одиграни кола.

 

- Оглас -

Најнови вести