Не им е лош планот – Барса сака да го замени шпанскиот репрезентативец за италијанскиот од Интер

Барселона има добар план и му нуди на Интер фудбалска трампа во која шпанскиот репрезентативец Жорди Алба би заминал за Милано, а во спротивен правец на „Камп ноу“ би дошол италијанскиот репрезентативец Алесандро Бастони.

Идејата на Барселона не е лоша бидејќи би добиле 10 години помлад играч. Бастони има 22 години и веќе е стандарден стопер кај Аѕурите и секако во тимот на Интер, а Алба има 32 лета.

Жорди има договор со Барселона до 2024 година и откупна клаузула од неверојатни 500 милиони евра, но Каталонците се подготвени да ја заборават клаузулата и да го заменат левиот бек за стоперот на Интер.

Нераѕурите сакаат да го ангажираат Алба, но сè уште не се изјасниле дали се подготвени за замена со Бастони, кој е одличен играч и, пред сè, млад бидејќи има само 22 години.

Втор проблем е што Алба не сака да си замине од Барселона, па проектот на Каталонците да се направи трампа со Интер е неизвесен.

 

- Оглас -

Најнови вести