Не ја научија лекцијата од Челзи – Калчолигаш доби рекордна казна од ФИФА

ФИФА го казни италијанскиот прволигаш Специја со двегодишна забрана за трансфери, или четири преодни рокови, поради нелегални ангажмани на малолетни фудбалери од Нигерија во периодот од 2013 до 2016 година.

Ова е рекордна казна во времетраење за еден клуб, а Специја дополнително мора да плати 500.000 швајцарски франци поради кршење на правилата на ФИФА. Инаку калчолигашот може да поднесе жалба во Судот за спортска арбитража во Лозано со цел да се обиде да ја намали казната.

Клубот кој во ланската сезона дебитираше во Серија А и обезбеди опстанок со пласман на 15-тото место, во споменатиот период ангажира дури 13 малолетни фудбалери од Нигерија, меѓу кои бил и Умар Садик, поранешен играч на Рома, за кого Волчицата платила речиси 3 милиони евра пред пет години.

Очигледно некои клубови не ја научија лекцијата од Челзи. Актуелниот европски првак поради исти причини имаше забрана за трансфери во два преодни рокови во 2019 година, а по жалбата успеа да намали на еден преоден рок, идентично како што го стори тоа 10 години претходно.

- Оглас -

Најнови вести