Не личеа на шампиони: Ливерпул со мислите на плажа, Сити до убедлив триумф (видео)

Манчестер сити до доби безначајното дерби против Ливерпул со убедливи 4-0. Избраниците на Јирген Клоп се опуштија по освоената титула во Премиер лигата и му дозволија на ривалот да се изживува во 90-те минути на „Етихад“.

Домаќините тргнаа фуриозно и веќе по 35 минути играа имаа предност од 2-0 која ја стекнаа преку Де Бројне и Стерлинг, а Фоден зголеми на 3-0 пред паузата. Првите петнаесетина минути од вториот дел беа мирни, а потоа расположениот Стерлинг продолжи да му врши тортура на поранешниот клуб и во опасен продор при мала помош од Окслејд-Чембрлен го постави конечниот резултат. Погодокот за 5-0 на Марез во судиското надополнување се поништи поради играње со рака.

Ливерпул последен пат загуби со четири или повеќе гола во 2017 година, токму против Манчестер сити со 5-0 на истиот стадион, „Етихад“.

По 32 кола Ливерпул го запиша само вториот пораз во Премиер лигата, Сити стигна до 66 бода и речиси сигурно ќе ја заврши сезоната на второто место на табелата.

https://twitter.com/_FootballTV/status/1278791258555723777

- Оглас -

Најнови вести