Легендата на италијанскиот фудбал, Роберто Баџо вели дека италијанската фудбалска репрезентација требало да има обезбедено директно место на Светското првенство и тоа како актуелни европски прваци.
Аѕурите минатата година се радуваа на европскиот трон, но нема да бидат дел од светската елита, откако во полуфиналето од бараж мечот, на домашен терен во Палермо загубија од нашата Македонија.
„Италија го освои Европското првенство. Срамно е и лудост да нема директен пласман на Светско првенство. Секој тим може да нема свој ден и да загуби еден натпревар. Екипата заслужува награда за тоа што го постигна на ЕП. По елиминацијата во баражот, репрезентацијата доби психичка нестабилност, што се покажа и на дуелот против Аргентина. Роберто Манчини треба да продолжи да работи со екипата затоа што тој направи одлична работа досега“, рече Баџо.