Не можеа од игра, па Чесите ни дадоа гол од пенал, одговори Алими со деби погодок за Македонија!

Чешка поведе со 1-0 на пријателскиот меч против Македонија во Храдец Кралове откако Патрик Шик реализира пенал во 60-тата минута, а во 65-тата минута Исник Алими израмни на 1-1 со својот прв гол во дресот на македонскиот национален тим.

Словачкиот судија донесе сомнителна проценка дека Муслиу направил пенал над Соучек, а Шик беше сигурен реализатор од белата точка.

Само пет минути траеше радоста на домашните. Трајковски упати една бомба кон чешкиот гол, топката се одби од стативата, а на вистинско место се најде Алими, кој со глава ја затресе мрежата за израмнување на 1-1.

- Оглас -

Најнови вести