Не можеше без драма: Поразот не боли, Вардар испиша историja во СЕХА-лигата

Вардар 1961 загуби во реваншот против ППД Загреб со 25:22, меѓутоа предноста од четири гола при резултат 24-20 од првата четвртфинална средба, беше доволна за Црвено-црните да изборат историски 10-ти пласман во фајналфор завршницата во СЕХА-лигата.

Избраниците на Веселин Вујовиќ до последните пет минути од мечот го имаа резултатот во своја корист, но една серија од три гола на загрепчани во самиот финиш предизвика драма што беше тест на нервите за најдобриот тим во ова натпреварување. Домаќините поведоа и со 25-21 во последната минута, но голот на Тото беше среќен за Вардар.

На фајналфорот во Задар, Вардар на 3 септември ќе се сретне со Мешков Брест, додека Мотор Запорожје и Веспрем ќе го одлучи вториот финалист.

Со пет погодоци Дибиров го предводеше Вардар, а во добро издание се покажа и голманот Томовски при 12 интервенции, од кои 9 му беа во првото полувреме.

https://twitter.com/SEHALeague/status/1432772841095798791

- Оглас -

Најнови вести