Напаѓачот на Реал Мадрид Лука Јовиќ, ќе мора да паузира до три месеци поради скршеницата на ногата, известуваат шпанските медиуми. За него практично сезоната е завршена, а повредата се откри по првиот одржан тренинг на Кралевите по двомесечната пауза.
Јовиќ дефинитивно нема да биде дел од составот на Зинедин Зидан при продолжувањето на сезоната кое е предвидено за 12 јуни, а речиси никакви се шансите да заигра пред август. Со повредата се доведува до прашање и неговото евентуално заминување од Мадрид, кое деновиве е актуелна тема.
Јовиќ пред прекинот на сезоната запиша вкупно 24 настапи за Кралевите, во главно влегуваше од клупа, а реализира само три гола и две асистенции.
https://twitter.com/Radioestadio/status/1259525616854077440