Вардар сепак не направи „од готово вересија“ и на пенали во драматичен меч во Прилеп ја елиминира Победа во меч од првото коло во националниот Куп на Македонија.
Со 6:5 на пенали „црвено-црните“ се пласираа во осминафиналето, а Победа одигра јуначки и успеа да се избори за удари од белата точка со голот на Филип Стомнаровски во последнито напад од регуларниот дел.
Претходно со еврогол од слободен удар во 54. минута Дејан Блажевски му донесе предноста на Вардар од 1:0. Пенал серијата беше идентично возбудлива, а прилепчани двапати промашија, за разлика од гостите и Вардар ќе игра во осминафиналето на македонскиот Куп.