Не му е мило што ќе игра во Лигата на Европа, но барем ќе игра

Кристијано Роналдо до минатата сезона редовно беше дел од Лигата на шампионите, играше во Париз, Мадрид, Минхен, Лондон, Милано, а сега е во ситуација да игра во Лигата на Европа на „егзотични“ места, како Тираспол, Никозија и слично.

Сезонава на Португалецот не му цутат розите во Манчестер јунајтед, ретко е стартер (само трипати), најчесто е на клупата за резерви, а во градското дерби со Сити не ни влезе во игра. Затоа дуелите како вечерашниот со Омонија се како порачани за него да фати натпреварувачки ритам.

Најавите се дека Роналдо во Никозија ќе игра од првата минута и ќе се обиде да го постигне својот втор гол сезонава во второто по квалитет клупско натпреварување на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести