Нè очекува возбудлива трка – Леклер ќе стартува прв во Барселона, Ферстапен е под број два

Шарл Леклер ја освои пол позицијата во квалификациите за големата награда на Шпанија, која што се вози на патеката Каталуња во Барселона.

Возачот на Ферари во третата квалификациска сесија оствари време од 1:18.750 секунда, со што беше побрз од актуелниот светски шампион, Макс Ферстапен кој што имаше заостанување од 323 стотинки.

Додека од третото место ќе тргне вториот возач на Ферари, карлос Сајнц.

Четврти е Џорџ Расел од Мерцедес, а под број пет Серџо Перез (Ред Бул). Седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон ќе има тешка задача да дојде до подиумот бидејќи ќе тргне од шестото место.

- Оглас -

Најнови вести