Еден од 50-те олимписки спортови е и дресура како дел од програмата во коњичките спортови, а титулата во тимскиот дел им припадна на Германците, кои во своите редови ја имаат легендарната Изабел Верт, која во кариерата има дури 11 олимписки медали, од кои седум златни. Таа почна да освојува злато и сребро уште во Барселона 1992 година.
Второто место им припадна на Американците, кои се најголеми губитници во овој спорт. Досега САД има девет медали во дресура, два сребрени и седум бронзени, но уште го чекаат првото злато. Во ниту еден друг спорт не се случило некоја земја да има девет олимписки медали од кои ниту еден златен.