Не одигра ниту еден меч и си замина – Бејтулаи го раскина договорот со Хелсинборг

Егзон Бејтулаи не стигна да одигра ниту еден официјален меч за Хелсингборг и изненадувачки веќе го раскина договорот и си замина од Шведска.

Во јануари дефанзивецот на македонската репрезентација пристигна во редовите на Хелсингборг и ги мина зимските подготовки како стандарден член на стартната постава, но сега на шокантен начин си заминува.

„Си заминувам поради семејни причини. Сакав коректно да се разделиме и му благодарам на клубот што имаше разбирање. Му посакувам многу успеси во иднина на Хелсинборг“, изјави Бејтулаи.

Егзон пристигна во Шведска од Шкендија во јануари годинава, а беше член на актуелниот македонски шампион шест години. Бејтулаи е и стандарден член на македонската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести