Не освои ниеден турнир, а заработи 4,5 милиони долари

Сантијаго Гиралдо реши да стави крај на професионалната кариера на 32 години. Колумбискиот тенисер како професионалец беше од 2004 година, а кариерата ја заврши на 311 место на АТП листата. Најдобриот пласман што некогаш го имал му било 28 место на светското рангирање.

Во текот на една и пол децениската кариера, Гиралдо не освои ниту еден турнир, но тоа не му преставуваше пречка за да стане милионер. Играше и во дабл каде имаше солиден успех. На крајот, од настапите на АТП турнирите Сантијаго вкупно може да се пофали со заработка од 4.451.251 долари.

 

- Оглас -

Најнови вести