Не помогна ни капитенската лента: Барди и Леванте уште се без победа во Примера

Возбудлив меч со многу пресврти и на крај победа на домаќините од 4:3, одиграа Еспањол и Леванте, во Барселона. Еспањол прв даде гол и поведе со 1:0, но Леванте до крајот на првото полувреме постигна два погодоци и гостите на водство заминаа со предност од 2:1.

Де Томас израмни на 2:2, а Моралес погоди за нова предност на Леванте, овојпат од 3:2. Сепак, Еспањол не се предаде и со двата гола на Пуадо во 60 и 76 минута направи пресврт за 4:3.

Моралес кој е капитен на Леванте, беше заменет во 70 минута, а капитенската лента ја доби македонскиот репрезентативец Енис Барди. И Барди не го доигра целиот меч, затоа што беше заменет во 84 минута.

Ова е втор пат сезонава Леванте да даде три гола на еден меч, а да загуби, откако претходно загуби и од Севилја со 5:3. Леванте останува на дното на табелата во Примера и е единствен тим без ниту една победа.

- Оглас -

Најнови вести