Соиграч на Елмас не сака да биде вечна резерва па си замина кај Берлускони и Галијани

Андреа Петања е нов играч на Монца и ќе игра за новиот прволигаш како позајмен играч од Наполи.

Напаѓачот што има одиграно еден меч за репрезентацијата на Италија си замина, бидејќи не сака да биде резерва, а Наполи го има неприкосновениот шпиц Виктор Осимен.

Петања има играно за реномирани екипи од калибарот на Милан, Сампдорија, Аталанта, Наполи, а сега ќе се обиде во нов клуб и тоа сефте прволигаш во Италија што е под команда на познатото дуо Берлускони-Галијани, кои се главни во Монца.

Серија А почнува утре со првото коло во новата сезона, а Монца ќе игра против Торино на свој терен.

- Оглас -

Најнови вести