Не сака ниту да слушне да си замине од Интер: Симоне Инѕаги експресно го одби Јунајтед

Клупата на Ерик тен Хаг сериозно се тресе после последните неуспеси на Манчестер јунајтед. Се чини дека поразот од Тотенхем на домашен терен со 0-3 му пресуди на холандскиот тренер, а останатите резултати само ја прелија чашата за раководството на „црвените ѓаволи“.

Еден од сопствениците на Манчестер јунајтед, Џим Тетклиф, веќе му се јавил на тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, и го поканил да се пресели на Островот. Сепак, тренерот на актуелниот шампион на Италија експресно ја одбил оваа понуда, со оглед на реномето и славата која ја ужива во својот клуб после минатогодишното финале во Лигата на шампионите, но и освојувањето на Скудетото.

Раководството на Манчестер јунајтед е пред голем проблем, бидејќи тешко дека ќе може да најде тренер кој ќе ги исправа грешките на Ерик тен Хаг, а нив ги има многу.

- Оглас -

Најнови вести