Не сакаш да излезеш од терен? Е, сега ќе видиш! (Видео)

Најдобрите напаѓачи на Зенит Санкт Петербург, Артем Ѕјуба и Сардар Азмун, беа главни ликови во смешната ситуација која се случи во 75-тата минута на вчерашниот меч на Зенит со Арсенал од Тула во руското првенство.

Иранецот Азмун во првото полувреме утна пенал, а откако тренерот реши да го замени, а нервозниот Азмун не сакаше да го напушти теренот и доби жолт картон. Судијата му се закани со исклучување, на неговиот колега Ѕјуба не му се допадна оваа недисциплина на колегата, па реши сам да ги земе работите во свои раце – буквално. Тој го фати Азмун околу половината, го крена во раце и го однесе до аут линијата за да може да се изврши замената.

Овој потег на Ѕјуба стана хит во Русија, а од рагби федерацијата на Русија на шега му порачаа на Ѕјуба дека тој во секое време е добредојден во репрезентацијата.

Еден од пошеговитите коментари е и дека ако Сари лани во Челзи го имаше Ѕјуба, немаше да има проблем со голманот Кепа кој не сакаше да излезе во финалето на лига купот пред пенал серијата со Манчестер сити.

https://twitter.com/i/status/1172584622624051200

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести