Не се исклучени продолженија, половина од дуелите Интер – Барса во Милано завршиле нерешено

Интер и Барселона приредија спектакл пред шест дена со ремито од 3-3 во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите, па љубителите на фудбалот со право очекуваат нешто слично и вечерва во Милано, иако сега притисокот ќе биде многу поголем бидејќи секоја грешка може скапо да чини.

Вечерва мора да има победник, макар и на пенали, само еден од овие два тима ќе се најде во финалето во Минхен, а традицијата најавува голема можност да се играат и повеќе од 90 минути за да се одреди финалистот.

Интер и Барселона на „Џузепе Меаца“ досега одиграле шест меѓусебни дуели во Лигата на шампионите, а трипати било нерешено. И севкупниот историјат покажува дека во просек секој втор меч завршувал со реми, од осум нивни дуели во Милано, четирипати немало победник. Но, на последните две пресметки имаше победник, Барса славеше во 2019, а Интер во 2022 година.

Нападот на Барса против одбраната на Интер, меч кој не смее да се пропушти.

- Оглас -

Најнови вести