Не се меша бизнис со семејство: Поради мајката на Рабио, може да пропадне трансферот во Манчестер

Трансферот на Адриен Рабио во Манчестер јунајтед може да пропадне доколку неговата мајка Вероника, која воедно е и агент на фудбалерот, не ја прифати понудата од 6 милиони фунти годишна плата.

Тоа е сумата која Црвените ѓаволи му ја понудиле на Рабио откако премиерлигашот веќе постигна договор со Јувентус за сума од 15 милиони фунти за услугите на ексиграчот на ПСЖ.

Вероника смета дека нејзиниот син вреди повеќе, па чека од Манчестер да ја подобрат понудата, во спротивно нема да даде зелено светло за ангажманот.

Рабио инаку инкасира 7 милиони евра годишно според договорот со Бјанконерите, плата која гигантот од Торино сака да ја тргне од својата платежна сметка.

- Оглас -

Најнови вести