Диего и Џовани Симеоне, познатиот фудбалски тандем татко и син се единствените Аргентинци што успеале да постигнат четири гола на своите први четири натпревари во Лигата на шампионите.
Таткото Диего, или попознат како Чоло Симеоне, до подвигот и четири погодоци во првите свои настапи во Лигата на шампионите дојде само по два меча, со погодоци за Атлетико Мадрид против Стеауа и Видзев Лоѓ во септември 1996 година.
Неговиот син Џио, или како што го нарекуваат Чолито, постигна четири погодоци за Наполи во овој циклус на натпревари во ЛШ.
Вчера му даде два на Глазгов ренџерс во Неапол, а и претходно беше стрелец со Ливерпул и Ајакс за четворка на стартните негови четири дуели во Лигата на шампионите.
Синот од семејството Симеоне не погоди само против Глазгов ренџерс на гости во циклусот од првите четири свои натпревари со кои се претстави во ЛШ.
https://twitter.com/OptaPaolo/status/1585358304544710656?s=20&t=txDSSgyaBK3XAd3lcaoo5g