Не се обложувајте на Барса додека не го дознаете почетниот состав

Серхио Бускетс беше во почетниот состав на Барселона, кој клубот го најави на еден час пред дербито со Реал Мадрид, но пред самиот почеток тој беше заменет со Иван Ракитиќ. Официјалното објаснување на Каталонците беше дека Бускетс не се чувствувал добро, па остана на клупата.

Ако се следи една традиција, тогаш уште кога се виде дека Бускетс нема да игра, се знаеше дека на мечот нема да има многу голови. Сезонава, кога Бускетс е на теренот, гол-разликата на Барса е 37-14, значи екстремна ефикасност, но и прилично порозна одбрана, а без него на теренот, гол-разликата на Барса е само 6-6. И синоќа без него не само што беше неефикасно, туку немаше гол.

Без Бускетс, Барса сезонава во лигата има два порази, а и едно реми на четири меча, додека кога тој игра, тимот губи само 7,7 проценти од мечевите (еден пораз на 13 средби).

- Оглас -

Најнови вести