Не се памти ваква казна во фудбалот: Играч суспендиран на 25 години

Фудбалер на игра за францускиот нисколигаш Жиронде ла Реол е суспендиран на 25 години, затоа што удрил судија по завршување на мечот. Инцидентот се случил за време на меч од Регионална аматерска лига во октомври 2022 година, кога фудбалерот кој имал 22 години, го нападнал 43-годишниот судија, откако претходно го навредувал и на расна основа.

Младиот фудбалер првично бил суспендиран на 11 години, но подоцна оваа казна била зголемена на 25 години. Тоа значи дека овој фудбалер насилник нема да може да помисли да игра фудбал до 2047 година.

- Оглас -

Најнови вести