Не се потребни зборови, Стефан Ристовски преку фотографија упати моќна порака (Фото)

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, преку „Инстаграм“ испрати јасна порака до своите колеги кои сега го носат дресот на националниот тим, иако не напиша ниту еден збор.

Тој сподели фотографија од еден од неговите настапи за репрезентацијата на која е со раскрвавена глава.

Главните критики синоќешниот меч во Риека, кога тимот не покажа пожртвуваност и борбеност, а очигледно дека и Ристовски се согласува со тоа. Не е проблем да се загуби од посилниот, но кога се игра за Македонија, мора да има мотивација и борба, ако треба и да се крвави на терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести