Не се знае кој кого тепа, а требаше да биде пријателски меч (Видео)

Фудбалерите на украинскиот Верес и на Окжетпес од Казахстан учествуваа во масовна тепачка на пријателскиот меч во Анталија, што беше прекинат во 29-тата минута.

Тест-натпреварот што требаше да биде пријателски експресно се претвори во бојно поле, а не се знаеше кој кого тепа на теренот. Инцидентот го почна Дмитри Немчанинов со остар старт и потоа работите излегоа од контрола, па ниту судијата, ниту раководствата на двете екипи не успеваа да ги смират вонинствените играчи на Верес и на Окжетпес.

 

 

https://streamable.com/f53fgl

До прекинот двете екипи постигнаа по еден гол, а се се заврши со невидената тепачка, па мечот воопшто не продолжи и беше прекинат.

 

- Оглас -

Најнови вести