Велат дека пеналот е најстрога казна за екипите против кои се изведува удар од 11 метри, но тоа е така само ако голманот спроти себе има добар изведувач на удари од белата точка. Вчера на натпревар од италијанската Серија Ц, група Б, во рок од 55 минути беа досудени дури четири пенали, а верувале или не, ниту еден не беше реализиран.
Ова чудо се случи на дуелот помеѓу Карпи и Фермана. Најпрвин гостите утнаа два пенали, а потоа на спротивната страна се прослави голманот Паоло Џинестра со два одбранети пенали, со што тој го спаси својот тим од пораз.
Погледнете како изгледа кога на еден ист натпревар ќе се утнат четири пенали: