Не знаат поинаку, Челзи и Ливерпул пак играа нерешено, пак за трофејот ќе решаваат на пенали

Исто како и во финалето на Лига купот во февруари, екипите на Челзи и Ливерпул одиграа нерешено после 120 минути игра, овојпат со 0-0, па повторно пеналите ќе го одлучуваат победникот.

Овие два тима сезонава играа четири пати меѓусебе, и секогаш мечот завршуваше нерешено. Во финалето на Лига купот, Ливерпул победи на пенали.

Во Лига купот се радуваше Ливерпул со 11-10 на пенали, останува да се види како ќе биде вечерва. Црвените овојпат имаат кадровски проблеми, во првото полувреме останаа без Мохамед Салах, а Вирџил Ван Дајк не можеше да игра во продолженијата.

Претходното финале во ФА купот на кое имало пенали, беше среќно за Ливерпул, во 2006 го победија Вест Хем на пенали.

Ливерпул брка историја и освојување на четири трофеи сезонава, а тренерот Јирген Клоп првпат е во финале на ФА купот и посакува првпат да го освои и овој пехар.

- Оглас -

Најнови вести