Не знаев ни да зборувам, ама трчав, ја шутирав топката и викав Панчев, Панчев

Марко Марин е еден од најдобрите играчи на Црвена ѕвезда сезонава и, секако, еден од најзаслужните што српскиот првак успеа да игра дури и во групната фаза од Лигата на шампиони. Марин, кој е роден во Босанска Градишка, уште како многу мал со своето семејство заминале во Германија, каде што и ја градеше речиси целата кариера. Марин, кој има и 16 настапи за репрезентацијата на Германија, во 2018 година дојде во Црвена ѕвезда.

Во емисијата „Ѕвездаши прашуваат“, Марин одговараше на многу прашања, а најинтересно е кога објасни од кога ја засакал Црвена ѕвезда.

„Уште како многу млад, мислам дека уште не ни знаев да зборувам, а веќе ја шутирав топката и викав Панчев, Панчев, така барем моите родители ми кажуваат. Откако знам за себе, навивам за Црвена ѕвезда“, открива Марин.

Објаснувањето на Марин за тоа како ја засакал Црвена ѕвезда го има на 9:30 минути од видеото.

- Оглас -

Најнови вести