Неапол денеска е аргентински град (Видео)

Неапол денеска е аргентински град, исклучиво блгодарение на големиот фудбалски велемајстор, Диего Армандо Марадона, а атмосферата што ја направија навивачите е феноменална.

Финалето на Мундијалот во Катар меѓу Аргентина и Франција е веќе во тек, а нема дилеми за кого ќе се навива во Неапол, градот во кој моментно живее и нашиот репрезентативец Елиф Елмас, кој игра за Наполи.

На плоштадот Данте се е во знакот на аргентинските симболи и сино-белата боја, а се навива за прва светска титула за Лионел Меси.

Марадона e вистински фудбалски бог во Неапол, откако беше клучниот човек за двете единствени титули во Серија А за Наполи во 1987 и во 1990 година.

И стадионот во Неапол од неодамна го носи неговото име.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести