Недвед ги одби и ги разочара своите Чеси

Легендарниот чешки фудбалер Павел Недвед ја одби понудата на Чешката фудбалска федерација да биде спортски директор на репрезентацијата и ги разочара Чесите.

„Ја почитувам понудата како и условите кои ги добив од претседателот на Федерацијата, но, за жал, по долго размислување и бројни консултации, одлучив да не ја прифатам. По толку многу години поминати надвор од татковината, не знам дали можам да му помогнам на чешкиот фудбал. Згора на тоа, имам доста обврски надвор од земјата“, изјави Недвед.

Павел Недвед моментно се наоѓа под суспензија поради учеството во малверзациите со финансиските извештаи на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести