Неговиот тим испадна, а Хоџсон е насмеан и им аплаудира на противничките фанови (Видео)

Еден од највозрасните познати тренери на светот, Рој Хоџсон, кој го води англиски Вотфорд, за првпат во својата долга кариера дочека тимот кој го водел да испадне од прва во втора игра.

Вотфорд денеска загуби од Кристал Палас, и веќе нема ни теоретски шанси за опстанок во Премиерлигата.

После мечот, фановите на Палас му аплаудираа на Хоџсон кој е поранешен тренер на овој лондонски тим, а и тој им возврати, наместо да ги поздрави навивачите на Вотфорд кои беа на трибините.

Многу навивачи на Вотфорд се лути и сметаат дека однесувањето на насмеаниот Хоџсон било несоодветно, бидејќи треба да биде тажен поради испаѓањето.

- Оглас -

Најнови вести