Борусија Дортмунд е во очајна форма и затоа е на 11 место на табелата во Бундеслигата. Милионерите вчера загубија во дербито на гости кај Лајпциг со 2:0, а тренерот на Милионерите, Нико Ковач вели дека е многу разочаран поради лошата реализација на неговите фудбалери.
Според Ковач, Борусија требало да постигне барем три-четири голови, со тоа и да победи.
„”Тоа е катастрофа. Неверојатно е. И не можам да го објаснам. Топката едноставно не сакаше да влезе во голот. Факт е, не постигнавме голови од чисти ситуации и на крајот теренот го напуштивме како мизерни губитници. Требаше да постигнеме најмалку три или четири гола“, вели Ковач.
Тренерот на Борусија знае дека неговиот тим мора да победува и освојува бодови ако сака да се врати во борба за позициите кои водат излез во Европа за следната сезона.