Негредо со гол на кариерата ги воодушеви шеиците (Видео)

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Севилја, Манчестер сити, Бешикташ и други клубови низ светот, Алваро Негредо, денеска постигна гол кој сигурно му е најубав во кариерата. Шпанскиот напаѓач со финта се ослободи од чуварот, и од тешка позиција со надворешниот дел од копачката погоди во спротивниот агол.

Тоа се случи на средбата помеѓу неговиот Ал Наср и Итихад Калба од Арапскиот заливски куп. Погледнете го голот на Негредо за победа на неговиот тим од 3-0:

https://streamable.com/4kgqx

- Оглас -

Најнови вести