Бразилскиот репрезентативец Нејмар, донесе конечна одлука на крајот од сезоната да го напушти ПСЖ, пишува „Футмеркато“.
Нејмар е разочаран од однесувањето на навивачите на ПСЖ, а чашката се прели минатата недела кога навивачите дојдоа пред неговиот дом во Париз и бараа тој да си замине од екипата.
Според француските медиуми, Нејмар не сака да оди по стапките на Кристијано Роналдо и да потпише богат договор со тим од Саудиска Арабија, туку следна дестинација планира да му биде Премиер лигата.
Најголем интерес за неговите услуги пројавува Њукасл кој доколку обезбеди пасман во Лигата на шампионите следната сезона, повеќе од извесно е дека ќе тргне по потписот со Бразилецот.
Парите не се проблем за Њукасл бидејќи минатата година беше купен од страна на саудискиот државен инвестициски фонд кој е под директна надлежност на престолонаследникот Мохамед бин Салман.