Нејмар го праша голманот на која страна да му шутира и не шутна на гол (Видео)

Нејмар се пошегува со голманот на Беверен и го праша на која страна да му шутира од белата точка и потоа не упати директен удар од пеналот, туку се одлучи за асистенција до Мауро Икарди.

Напаѓачкиот тандем на Пари Сен Жермен сакаше да изведе атракција, но за малку ќе се посрамотеа, бидејќи Икарди едвај погоди на пријателскиот меч со белгискиот тим.

ПСЖ славеше убедливо со 7:0 на меч што се играше со четири полувремиња од по половина час и најави дека е во форма, иако фудбал во Франција не се игра.

На последните два пријателски меча популарните Светци од Париз постигнаа вкупно 16 гола, а не примија ниту еден и потврдија дека полега влегуваат во форма за искушенијата што ги чекаат во Лигата на шампионите во август.

ПСЖ ќе игра четвртфинале против опасната Аталанта, а ако мине во полуфиналето ги чека подобриот од дуелот меѓу Ателтико Мадрид и Лајпциг.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести