Нејмар ја доби довербата од Анчелоти и ќе биде дел од Светското првенство

Најпопуларниот бразилски фудбалер Нејмар е повикан да биде дел од составот на 26-темина играчи кои ќе бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Нејмар повеќе од една година се бореше да влезе во посакуваната форма и да го увери селекторот Карло Анчелоти дека е доволно подготвен да биде дел од мундијалското шоу.

Италијанскиот стратег доцна синоќа го соопшти списокот на играчи кои ќе ги бранат боите на петкратниот светски првак, а на радост на многумина, Нејмар беше таму. Анчелоти објасни зошто решил да го повика Нејмар.

„Ја следев играта на Нејмар во изминатиот период и забележав дека тој на физички план многу се подобри. Верувам дека Нејмар е важен играч за Светското првенство. Тој ги има истите права и обврски како сите останати 25-мина фудбалери кои се повикани во составот. Има можност да игра, но може и да не игра, односно да биде на клупата за резерви. Тој е многу искусен фудбалер“, рече Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести