Иако до почетокот на Светското првенство во фудбал има уште 20-тина дена, бразилските навивачи веќе се во екстаза. Тоа е така затоа што селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, реши во составот да го повика и најпопуларниот фудбалер во земјата, Нејмар.
Сите фудбалски фанатици во живо го следеа читањето на фудбалерите на кои Анчелоти смета за настапот на Мундијалот, а кога го прочита името на Нејмар, настана ошта радост.
o povo indo a loucura com o anúncio do neymar 😭 O BRASIL ESTÁ EM FESTAAAAAAAAA #convocação #CopaNaGlobo pic.twitter.com/Kv57qMuafj
— mari. de mariana (@eumarianans) May 18, 2026
Навивачите кои беа собрани низ улиците и во живо го следеа преносот на соопштување на имињата на фудбалерите кои ќе играат за Бразил, буквално збеснаа од среќа. Го скандираа името на Нејмар и веруваат дека токму тој може да биде факторот кој е потребен за Бразил по пауза од 24 години повторно да стане светски првак. Радоста на навивачите низ улиците може да ја видите ТУКА.
Дури и поранешниот бразилски репрезентативец Марсело, преку социјалните мрежи покажа колку е среќен што Нејмар ќе биде во составот на бразилската репрезентација за настап на СП 2026.
View this post on Instagram

