5.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Нејмар ќе ризикува само за да го спаси Сантос од испаѓање?!

Нејмар не беше во составот на Сантос за првенствениот меч против Интернационал поради повреда, но последните информации од Бразил велат дека тој ќе ја одложи операцијата на коленото.

Сантос е во зоната за испаѓање, а до крајот на првенството има уште три кола, па Нејмар одлучил да ја одложи операцијата за да им помогне на соиграчите, но и на матичниот клуб да се спасат од испаѓање.

Лекарите предупредуваат дека при евентуален настап, повредата може да се влоши и тој да ја заврши кариерата, но едно е јасно, Нејмар ќе биде дел од составот на Сантос за мечот против Спорт Ресифе викендов.

Договорот на Сантос и Нејмар истекува на крајот од оваа календарска година, но и кај двете страни постои расположение да биде продолжен. Сепак, доколку клубот испадне во понизок ранг, тогаш и Нејмар ќе мора да си бара нова фудбалска средина.

- Оглас -

Најнови вести