Нејмар преку Инстаграм праќа „ишарет“ до Реал Мадрид

Најверојатно пропадна намерата на Реал Мадрид да го купи Пол Погба, бидејќи тешко оти Манчестер јунајтед би го продал откако не купи никого како негова замена, сега „кралевите“ би можеле да го ангажираат Нејмар.

До неодамна, четири петини од фановите на Реал беа против купувањето на Бразилецот кој не крие дека во срцето му е Барселона, а сега анкетите се во благ плус во полза на доведување на ѕвездата на Пари Сен Жермен.

Нејмар сака да си оди од ПСЖ, а на Реал му треба десно крило, за да не остане само со Лукас Васкес и младиот Бразилец Родриго. Ако дојде Нејмар, тој ќе биде стартер и трети со неевропски пасош, а Родриго ќе мора да игра за Реал Мадрид Б.

Нејмар вчера на својот Инстаграм, објави фотографија од еден хуманитарен меч во 2012 година, на која се тој, актуелниот тренер нс Реал, Зинедин Зидан, Роналдо, Алекс Соуса и футсал легендата Фалкао. На сликата, Нејмар разговара со Зидан, и со ова предизвика многу коментари.

Освен тоа, Нејмар на Инстаграм почна да го следи Герет Бејл, кој е член на Реал, но не е посакуван од Зидан. Бејл се спомнува како играч кој би можел да замине во ПСЖ, како дел од понудата на Реал за Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести